Најголемиот коктел во чест на Хемингвеј

Од:

Во чест на големиот Хемингвеј, 12 бармени со помош на своите асистенти од познатиот кубански бар „Floridita“, во историскиот центар на Хавана, направија најголем коктел во светот, во голем стаклен сад од 275 литри.

Џиновскиот „даликири“ (коктел по кој е познат барот) го подготвуваа 33 минути, а искористија 88 шишиња бел рум и голема количина на шеќер и мраз.

Официјалниот преставник на „Флоридита“ изјави дека во садот има 1.466 стандардни коктели и за три дена ќе се знае дали тој ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Угостителите овој свој џиновски коктел го посветија на 113-те години од раѓањето на американскиот писател Ернест Хемингвеј (1899-1961), кој бил нивни чест гостин, како и на 195-годишнината од постоењето на барот.

Интересно е што дури и сега Хемингвеј е постојан „гостин“ во барот, бидејќи во 2004 година, на шанкот се постави негова бронзена скулптура и вработените секој ден го послужуваат со неговиот омилен коктел „даликири“.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот