Со натпреварот меѓу екипите „Раднички“ од Крагуевац и бугарски „Лукоил“ денеска во спортската сала „Билјанини извори“ започнува кошаркарскиот турнир „Охрид трофеј 2013“.
Вечерниот термин од 21 часот е резервиран за вториот натпревар меѓу македонскиот шампион „МЗТ Скопје“ кој ќе ги одмери силите со „Металац“ од Ваљево.
Покрај натпреварувачкиот дел, организаторот на турнирот подготви и некои изненадувања за анимирање на публиката, како фан-зона во која ќе се одржи турнир во фрлање тројки за девојчиња и момчиња до 15 години, а ќе бидат поставени и специјални кошеви за најмладите од охридските градинки кои ќе дружат со своите родители, како и награди за публиката односно 10 илјади денари за гледач кој ќе успее да погоди тројка од три фрлања.
Организатор на турнирот е ЈП „Билјанини извори“ од Охрид и Македонската кошаркарска федерација.