Убиен e мажот кој со самострел упадна во куќа во Лондон и рани две лица

Од:

Еден маж, наводно вооружен со самострел, бил застрелан од лондонската полиција денеска откако упаднал со самострел во куќа во јужен Лондон, соопшти полицијата.

Лондонската полиција соопшти дека добила повик во 4.55 часот дека маж се обидел да упадне во имот во Бајвотер Плејс, Саутворк, јужен Лондон, објави Гардијан.

Маж на 30-годишна возраст се заканувал дека ќе повреди луѓе внатре во куќата, соопшти полицијата, додавајќи дека одговориле на повиците за помош од некој внатре во куќата.

Инспекторите истражуваат каква била врската помеѓу мажот и луѓето кои биле во куќата.

Полицијата соопшти дека локалните невооружени полицајци се обиделе да го смират мажот, но тој им се заканил и влегол во куќата.

Во тој момент, според полицијата, вооружен службеник од возило за одговор кое било повикано, одлучило да отвори оган.

Мажот е убиен на лице место, а според полицијата две лица во куќата се здобиле со полесни повреди.

На полицијата и е дозволено да употреби сила за да се брани себеси или другите, но таа мора да биде пропорционална на заканата.

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

ВИДЕО: Напад во Германија, избодени неколку лица

По неколку експлозии, избувна пожар во источен Лондон

Семејна трагедија во Милано, убиени тројца членови на едно семејство

ОЈО за трагедијата во Стримница: Се скарале во двор на џамија, а потоа со нож рани соселанец

Горан Наумовски