Левица: Додека народот преживува – пратениците украле 320.000 евра за патни трошоци

Од:

Додека обичниот македонски граѓанин живее во невидена сиромаштија и едвај ги задоволува основните потреби за живот, пратениците од широката коалиција ДПМНЕ-СДС сложно, континуирано и бесрамно ги крадат граѓаните преку веќе озлогласените патни трошоци. Имено, “народните избраници“ во 2023 година потрошиле речиси 20 милиони денари или 320 илјади евра само за патни трошоци, велат од Левица.

„Овој крајно лицемерен чин на пратениците е последен во долгата низа на клептомански постапки, каде што владејачките партиски елити континуирано покажуваат дека единствен нивен интерес е личното богатење и уживањето во привилегиите кои ги имаат како јавни функционери, а не работењето во интерес на граѓаните. Да биде уште потрагично, пратениците кои најмногу наплатиле за патни трошоци се комплетно непознати за јавноста, кои во текот на целата година, па и целиот нивен мандат немаат направено ништо забележително.

За пример, Јадранка Поцкова од ДПМНЕ која наплатила околу 670.000 денари, Љубица Спасова од СДС со околу 610.000 денари и Миле Талевски од СДС со околу 600.000 денари се дел од пратениците кои граѓаните (на чии грб се богатат), воопшто не знаат дека постојат. Ја потсетуваме јавноста дека Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието, закон кој беше одбиен од ДПМНЕ-СДС, иако и двете партии во својата програма декларативно се залагаат за намалување на патните трошоци на функционерите – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН