Левица: ФК Беласица жртва на непотизам, фамилијарно доделување функции под покровителство на градоначалникот на Струмица

Од:

Пред неколку дена во јавноста одекна веста дека Тања Милушева Костадинова, сестра на актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов е именувана како потпретседател на струмичката гордост, фудбалскиот клуб „Беласица“. Пред да започне со нејзината „успешна“ кариера на „жена претприемач“ со отварање на бизниси со сомнително потекло на пари, Милушева работела како медицинска сестра во приватна амбуланта, се вели во партиското соопштение на Левица.

-Случајно или не, само во 2023 година, од општинската каса на клубот му се доделени 1.577.272 денари. ЛО Левица – Струмица строго ги осудува овие фамилијарни и партиски доделувања на функции и вработувања бидејќи со ваква пракса никогаш не се добиле позитивни резултати, а само се побива тезата дека живееме во општество со еднакви можности за сите – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа