Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Од:

На новиот мандатар му предлагаме при составот на техничката Влада да води сметка за бројот на пратениците и партиите кои се дел од Владата, како и за соодветната и правична застапеност на сите етнички заедници, вели Павле Трајанов од Демократски сојуз.

– Досега ДУИ и Алијансата на Албанците со 20 пратеници раководеа со 8 министерства, додека СДСМ со 41 пратеник имаше премиер и осум министерства. Со номинацијата на Талат Џафери за премиер, како и вкупниот број пратеници од СДСМ и опозицијата (најмалку 86), неопходно е целосно рекомпонирање на составот на Владата, која најмалку четири месеци ќе владее со државата. Ковачевски си оди, но зад него остава Влада која во голема мера ќе ги загрози стратешките, државните и националните интереси на Македонија, стабилноста и меѓуетничката кохезија – нагласува Трајанов.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција

Горан Наумовски

Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот Сојуз

Горан Наумовски

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

A1on

Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Горан Наумовски