Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Од:

Јавната обвинителка Зорица Павловиќ од Основно јавно обвинителство Скопје доби најмногу гласови на изборите за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, со изборно место број 3.

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, со изборно место број 3.

Гласачкото место е затворено во 16 часот, по што Комисијата која ги спроведува изборите во ВЈО Скопје го објави записникот од спроведеното гласање.

-Од вкупно излезени 84 гласачи, кандидатот број еден, јавната обвинителка Јасмина Здравеска Костеска, од Основно јавно обвинителство Скопје доби 32 гласа, кандидатот број два, јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од ОЈО ГОКК Скопје доби 7 гласа и кандидатот број три, јавната обвинителка Зорица Павловиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје доби 44 гласа. Едно ливче било неважечко, објави Комисијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ДУИ: За членови на Советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал