Левица: Железничарите на протест – Демири го доведе во колапс железничкиот сообраќај

Од:

Железничкиот сообраќај повторно е во колапс, откако работниците излегоа на протест поради тоа што се принудени да работат во нехумани услови без греење. Дополнително, на работниците повторно им доцни платата за декември, додека од менаџментот нема никаква одговорност за ваквата катастрофална состојба во „Македонски железници Транспорт”, се вели во соопштението од Левица.

„Поради неодговорното менаџирање со претпријатието, синдикалната подружница на работилницата на влеча на возови во Скопје се заканува со целосна блокада на железничкиот сообраќај. Работниците во МЗТ се жалат дека поради отсуство на греење во работните простории, втора година по ред здравјето на вработените е нарушено.

Со ова претпријатие раководи кадар од Алијанса на Албанците, односно директор е Зуљхајрат Демири, кој беше назначен кога оваа партија одлучи да се приклучи на владината коалиција. За Демири во јавноста беше реагирано дека нема ни професионално искуство и соодветно образование за да раководи со ова значајно претпријатие, но очигледно за Таравари поприоритетно беше да ги “награди” своите партиски кадри. Со месеци се толерира ваквото катастрофално работење на Демири, со постојано доцнење на платите на работниците и намалени линии на железничкиот сообраќај, без никаква грижа од Владата во заминување за патниците и стратешкото значење на овој вид сообраќај.

Јасно е дека партијата на Таравари, која целиот политички капитал го изгради претставувајќи се како опозиција на ДУИ, тотално се делегетимира со поддршката за криминалната влада на СДС и ДУИ и демонстрира комплетно немање капацитет да менаџира со клучните државни сектори. На Владата во заминување, Левица ѝ порачува дека ваква катастрофална политика во сите сфери на државата нема во поновата современа историја и дека после 8-ми мај, граѓаните конечно ќе стават крај на погубното владеење на најнеспособната власт од АСНОМ до денес“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куцуловски: Меџити да излезе од својата канцеларија и да го реши проблемот со дивите депонии

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Левица поднесе кривична пријава против градоначалникот на Росоман

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Левица: Гаши по стапките на Џафери, се попречува правото на пратенички прашања на Левица

Левица: 250 милиони евра за развој на општините или товар за идните генерации?