Фудбалскиот клуб Манчестер Сити потпиша договор со младиот аргентински играч Клаудио Ечевери до јуни 2028 година, соопштено е денеска.
Ечевери (18) досега беше член на Ривер Плата. За првиот тим на Ривер Плата одигра само шест натпревари.
Ечевери беше капитен на Аргентина на Светското првенство за играчи до 17 години, кое се одржа кон крајот на минатата година во Индонезија. На Мундијалот постигна пет гола, а Аргентина заврши на четвртото место, бидејќи во мечот за третото место беше поразена од Мали со 3:0. Ечевери за репрезентацијата на Аргентина за фудбалери до 17 години одигра 23 натпревари и постигна 13 гола.