Литванија е последената селекција која избори полуфинале на Европското првенство, откако во четвртфиналето ја совлада Италија со 81:77.
Противник на Литванија во полуфиналето ќе биде Хрватска која претходно ја победи Украина со 84:72.
Литванците прашањето на победникот го решија по шест минути игра во последната четвртина кога направија серија од 15-0.
Сите обиди на Италијанците во последните четири минути да ја анулираат предноста на противникот беа залудни.
Бековите на Литванија Калниетис и Сеибутис ја предводеа Литванија до победата, тие двајца искомбинираа 34 поени, 13 скокови и 7 асистенции – Кланиетис (17 поени, 7 скока, 5 асистенции), Сеибутис (17 поени, 6 скока, 2 асистенции).
Италија го имаше најефикасниот играч на мечот, Марко Белинели кој постигна 22 поени.