Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

Од:

Безбедноста и одбраната е базата за развој на секое општество. Во ниту еден случај не е дозволено безбедноста и одбраната да бидат актуелни само во моменти на криза, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше на панел дискусијата „Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“, во рамки на владината годишна конференција „Година на европски можности”.

Тој истакна дека во периодот меѓу 2015 и 2017, МВР имало историски најниска доверба кај граѓаните – околу 23 проценти, потсети и на аферата со прислушувањето, кога биле прислушувани над 22.000 граѓани, што нагласи, е сериозна повреда на човековите права.

-МВР беше една од најзатворените институции во државата. Ова се параметрите низ кои може да цениме дали биле неопходни реформите и што е она што е сега направено во овој период, рече Спасовски, истакнувајќи дека Министерството ја завршило 2023 година со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и 13 милиони евра за опрема и униформи, за 35 отсто зголемени плати.

Посочи дека е отпочнат реконструкциски зафат на Управните служби во МТВ, како и основни подготовки за отпочнување на активности во Центарот за обука во Идризово.

-Покрај реконструкциите, годинава можеме да се пофалиме и со два нови објекти, по веќе функционалниот ИКТ Центар во Прилеп, а тоа се – најсовремената Форензичка лабораторија на Балканот, во рамки на Одделот за форензички испитувања и новата Полициската станица Аеродром, чија изградба од темел ја отпочнавме, рече Спасовски.

МВР, додаде тој, е дел од системот за интероперабилност, целосно променет комуникациски систем во Министерството.

-По издвоените 13 милиони евра со кои во изминативе години се набавија униформи, чевли и опрема за сите организациони единици во МВР, се обезбедија дрегери и радари со уреди за ноќно снимање, се набавија интервентни, транспортни и возила за справување со нарушен јавен ред и мир, но и пловни објекти, а се изврши и комплетна модернизација на Хеликоптерската единица, меѓу другото, и со ведро и систем за гаснење пожари, кои само годинава остварија 33 летови, со налет од 98 часа и исфрлени 936 тона вода за гаснење на пожари, потсети Спасовски.

Од неодамна, додаде, со обезбедената и монтирана медицинска опрема на еден од воздухопловите, Одделот за воздухопловни единици може да врши транспорт на пациенти по воздушен пат, исклучиво во интерес на граѓаните, со што, како што рече, продолжуваме да испишуваме историја.

Додаде дека се набавени и 20 интервентни комбиња, за потребите на сите СВР-а, кои се опремени со најнова високософистицирана опрема.

Тој потенцираше дека годинава се продолжи со континуирано унапредување на социјалниот статус на вработените во МВР.

-По минатогодишното зголемување на платите за 5 отсто, годинава платите ги зголемивме во два наврати, и тоа прво линеарно, во бруто износ од 3.086 ден, а потоа за уште за 10 отсто, согласно новиот Општ колективен договор. Овој месец беше исплатен и надоместокот за годишен одмор за 2023 за вработените во МВР. Значи, во овие 6 години на полициските службениците и вработените во МВР им се зголемија платите за 35 отсто, преку петте покачувања на платата за сите, но и 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, како и 6 редовно исплатени бонус плати, со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните

(ВИДЕО) СДСМ бара 20% зголемување на платите на полицајците

А1он

Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи