(ВИДЕО) Панова: Ковачевски против СДС, СДС против СДС, во 2016 токму тие не гласаа за техничката влада, за сега да прашуваат дали има таков пример

Од:

Ковачевски упорно прашува каде во светот има пример техничка влада да не биде поддржана од опозицијата. Во реалноста никаде во светот нема толку криминална влада, но бидејќи лидерот на СДС прашува, вредно е да одговориме. Има таков случај, и тоа е токму СДС, со негласањето на техничката влада во која учествуваше СДС. Никаде во светот нема пример, премиер да е човек како Талат од ДУИ, но има пример каде техничката влада не била поддржана од опозицијата. Тоа е СДС во 2016-та година, истакна Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во 2016та година владата беше изгласана, без за неа да гласаат пратениците од СДС, тогаш немаа изјави дека гласањето е обврзувачко и дека ако не гласаат не треба да бидат избрани министрите по нивен предлог. Ова е листингот од гласањето на техничката влада во 2016 година, помеѓу пратениците од СДС кои биле тогаш се наоѓаат и Јован Митрески сегашен координатор на пратеничката група на СДС и предлог за претседател на собранието за време на техничката влада, Јагода Шахпаска министер во МТСП, актуелниот пратеник Горан Мисовски и потпретседателот на СДС Стефан Богоев.

И тогаш и сега обврска е на владејачкото мнозинство да избере влада за спроведување на изборите, т.е. техничка влада, во која министрите во МВР и МТСП, како и дополнителните заменик министерски места во МИОА, финансии и земјоделие ќе бидат по предлог на опозицијата. На власта не е да бира, законот е дециден, а тие од ден во ден се се помизерни во очите на македонскиот народ. Ковачевски против СДС. СДС против СДС. Има ли воопшто кормилар на бродот – изјави Панова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски