Нова Алтернатива: Мицкоски се обидува да предизвика хаос со градскиот превоз во главниот град, на штета на скопјани

Од:

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски ја блокираат и опструираат нормалната работа на јавните претпријатија во Градот Скопје. По втор пат Мицкоски се обидува да предизвика хаос со градскиот превоз во главниот град, на штета на скопјани, се вели во соопштението на Нова Алтернатива.

Нова Алтернатива најостро ги осудува обидите на Мицкоски за собирање политички поени на грбот на граѓаните.

– Имено советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ги гласат програмите на јавните претпријатија меѓу кои и онаа на ЈСП со што директно ја блокираат нормалната работа на претпријатието и редовната исплата на плати кон вработените. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со управниот одбор на претпријатието се директно одговорни за доцнењето на платите на вработените во ЈСП.

За среќа на скопјани и за среќа на македонскиот граѓанин се ближи крајот за политичарите како Христијан Мицкоски кои работат исклучиво за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните. На македонската политичка сцена се појавува нова генерација на храбри политичари кои се подготвени да се испречат на патот на корумпираната политичка елита. Македонскиот граѓанин може да препознае кој ја блокира работата на градот и нормалното функционирање на јавните претпријатија, виновникот има име и презиме, Христијан Мицкоски – велат од Нова Алтернатива.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски