ВМРО-ДПМНЕ: Струмичко-косовскиот скандал се проширува-Лукаревска е одговорна за криминалната исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ на фирми кои не се достапни за институциите

Од:

Лукаревска се препелка струмичко-косовскиот скандал со поврат на ДДВ тежок десетици милиони евра. Излегуваат нови документи кои говорат за сериозен милионски криминал кој таа како најодговорна во најмала рака не го спречила. Имено документите покажуваат дека освен струмичката фирма АКТИКО, и друга струмичка фирма ХАНТОНОС, и двете отворени во 2022 година, биле продадени на косовски граѓани, откако претходно крајно сомнително повратиле вкупно 22 милиони евра по основ на ДДВ. Методот на малверзација е ист. Двете ново основани компании, набавуваат роба од неверојатни 50 МИЛИОНИ ЕВРА, добиваат право на добивка на данок од по 11 милиони евра и после се продаваат на мистериозни лица од Косово, кои не се достапни ниту за УЈП, ниту за македонските институции.

– Прво, како е можно за УЈП и за македонските институции да не биде сомнително две ново основани компании да увезуваат роба од по 50-тина милиони евра?!
Второ, зошто овие компании не биле проверени, пред да добијат право на одбивка на данок од 11 милиони евра?! Трето, зарем за институциите не им било сомнително како една екстремно “успешна“ компанија да се продаде преку ноќ после добивањето на средствата?! Како е можно толку сомнителна купопродажба да помине под радарот на институциите и истите компании и сметководства потоа да станат недостапни за надлежните?! Овде се работи за два случаи со 22 милиони евра кои сега со леснотија Лукаревска и УЈП ги ставаат само на листата на должници. Овде постои сериозен сомнеж за криминал кој не е можен без знаење и дозвола од високи функционери од власта на ДУИ и СДС. Лукаревска треба да знае дека таа е одговорна што оваа разработена шема се случила и порано или подоцна ќе треба да дава одговори. Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер