Кошаркарската репрезентација на Словенија, ќе се бори за петото место на Европското првенство, откако попладнево ја совлада Србија со 92:74. Словенците со оваа победа изборија пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија.
Браќата Драгиќ искомбинираа 38 поени (Зоран 23, а Горан 15), а двоцифрен учинок имаа уште Јака Блажиќ (15 поени, 5 скока, 3 асистенции) и Мирза Бегиќ (10 поени, 6 скока).
Во српскиот тим Ненед Крстиќ постигна 16 поени, но тој се разигра откако беше јасно кој ќе биде победникот, Гагиќ со 12 поени и 6 скока беше најдобриот играч на Србија.