ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија, СДС и купи партија

Од:

Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС. Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки. Тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна. Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата. Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ