(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло

Од:

Невидена снежна бура ја покри Норвешка со снег, и предизвика невиден хаос во транспортот во нејзиниот главен град Осло.

“Ова е хаос. минус 10 е, но тоа не е проблемот. Имаше толку многу снег што немаа време да го исчистат. Вака никогаш не било, минатата недела беше -25! Тоа е тотален колапс, тие ги евакуираше и луѓето од метрото, на делови во градот снема струја“, изјави за 24sata.hr една Хрватка која живее во Осло.

Таа вели дека едвај стигнала на работа, а некои луѓе останале заглавени во куќите бидејќи снегот им ги затворил вратите, па излегувале низ прозорците.

Сите автобуси во центарот на Осло се откажани, а останатиот дел од јавната транспортна мрежа на норвешкиот главен град е погоден од големи проблеми поради снежното невреме во средата.

„Голем дел од јавен превоз е зафатен од снежното време денеска. Ова предизвикува доцнења и откажувања на неколку релации. Ви препорачуваме да не патувате денеска. “, напиша градските власти на својата веб-страница во средата.

Фирмата за јавен превоз ги откажа сите автобуски линии во центарот на Осло доцна во средата наутро и рече дека ќе врши континуирана проценка во текот на попладневните часови.

Пријавени се големи проблеми на автобуската станица Лисакер поради заглавено возило во снегот. Укинати се и сите автобуси во соседната општина Берум.

Во средата со големи проблеми се соочија и градските линии на трамвај и метро.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани