Османи: Владата ги одобри измените на законот за рестриктивни мерки, со кои американските и британските листи стануваат основа за санкционирање

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Шефот на дипломатијата Османи минатата недела на брифинг со медиумите информира дека Министерството за надворешни работи почнува јавна расправа по однос на измените на Законот за рестриктивни мерки кои што имаат за цел проширување на опфатот на овие рестриктивни мерки, како и инструментите коишто се на располагање на државата во услови на воведени рестриктивни мерки.

-Согласно сегашното решение, Законот за рестриктивни мерки ги регулира прашањата на воведување, изменување и престанување на важењето на рестриктивните мерки, како и механизмите на координација и надзор на примената на истите, како основи за воведување рестриктивни мерки во сегашното решение се – задолжителни обврзувачки резолуции на Советот за безбедност на Обединети нации, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации во кој членува земјата и на барање на надлежни органи на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружкјето, истакна Османи во изјава за медиуми по брифингот со новинарите.

Тоа што го предлагаме со овие измени на Законот на оваа јавна дебата, додаде Османи, е да се додадат како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на државата и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство, што значи покрај Совет за безбедност, Европска Унија, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување рестриктивни мерки.

-Како инструменти што ги има државата при воведување рестриктивни мерки се покрај ембарго за оружје, забрана за влез во Северна Македонија за граѓани коишто не се државјани на Република Северна Македонија, се разбира и финансиски мерки вклучувајќи конфискација на имот, меѓутоа се проширува Законот со уште еден опфат, а тоа е прво, од целите на Законот освен меѓународната безбедност, демократијата, се воведува и корупцијата, злоупотреба на службената должност и хибридните закани кон државата како цели коишто сакаме да ги постигнеме со измените на Законот за рестриктивни мерки, а се додаваат два важни инструменти, откако се задолжува институцијата предлагач да ги достави сите докази – материјални, нематеријални до Јавното обвинителство, а ЈО законски се обврзува веднаш да почне постапка, кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот, и доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструменти, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука, појасни Османи.

Ова, подвлече Османи, се суштинските измени на Законот за рестриктивни мерки, додавањето на правните акти на САД како основа за воведување покрај тие на ЕУ и обврската институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а обврска на Обвинителството е да започне веднаш постапка и доколку заврши со обвинение, времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во постапка за јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка