Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.1.2024 година, 17 минути по полноќ регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5.

Како што соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле