Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за финансирање на владата до март

Од:

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за нацрт-законот за краткорочно финансирање од две транши за да се одржи финансирањето на владата до март, изјави добро информиран извор за Си-Ен-Ен.

Новиот предлог закон предвидува финансирање на Владата до 1 и 8 март.

Договорот беше постигнат непосредно пред првиот рок за финансирање на 19 јануари.

Вториот рок за владино финансирање беше 2 февруари.

Републиканците во Претставничкиот дом ќе одржат онлајн конференциски повик за да разговараат за продолжување на финансирањето на владата, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Водачот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон минатиот викенд објавија дека постигнале договор за големи трошоци, прв чекор во процесот на финансирање на федералната влада.

Финансирањето вклучува 1,59 билиони долари за фискалната 2024 година, вклучувајќи 886 милијарди долари за одбрана и 704 милијарди долари за други трошоци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија