Маж (44) е убиен околу два часот во ноќта меѓу саботата и неделата пред бензинска пумпа во населбата Нео Космос во Атина, откако бил изрешетан со повеќе од 10 куршуми.
Според податоците на ЕРТ, жртвата е Б.З. сопственик на бензинска пумпа, кој бил во своето возило кога му пришле напаѓачите и испукале десетина куршуми во него од повеќе видови на оружје.
Медиумите наведуваат дека претходно имало обид за атентат на сопственикот на пумпата.
Полицајците кои излегле на местото на настанот собрале повеќе од 40 чаури, а истрагата за мотивите на ова дело продолжува.
Управата за безбедност на Атика води прелиминарна истрага за крвавиот инцидент.