Фудбалерите на Манчестер Сити победија како гости на Њукасл со резултат 3:2 во натпреварот од 21. коло на Премиер лигата на Англија.
Манчестер Сити поведе во 26. минута на стадионот „Сент Џејмс Парк“. Бернардо Силва постигна прекрасен гол со пета од додавањето на Кајл Вокер. Њукасл го сврте резултатот по само две минути. Александар Исак израмни по додавањето на Бруно Гимараеш во 35. минута, а во 37. минута Ентони Гордон постигна гол по контранапад за водство на „страчките“.
Пресвртот на „граѓаните“ започна во 69. минута, кога на теренот влезе Кевин де Бруине. Белгиецот израмни во 74. минута, а потоа во првата минута од судиското надополнување му асистираше и на резервистот Оскар Бобо за победничкиот гол на гостите.