СДСМ: Не сме виновни за финансиските апетити на Јанкулоска

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со полициската акција „Шпион“, рече дека „зачудува поклопувањето на ставовите на опозицијата со оние кои доаѓаат од една наша соседна држава. Тие веројано ќе објаснат дали постои координација или станува збор за коинциденција“, истакна министерката Јанкулоска.

Преку партиско соопштение на одговорот на Јанкулоска реагираа од СДСМ.

„Гордана Јанкулоска не може да објасни како со министерска плата, во период од пет години, стекнала богатство од над 200.000 евра. СДСМ не е виновен за имотните и финансиски апетити на Јанкулоска. СДСМ не е виновен што аферата ,,Шпион” Јанкуловска и МВР ја водат крајно аматерски. Јанкулоска и МВР се виновни што дозволиле, доколку е обвинението издржано, осомничените лица во период од две години додека траела истрагата, непречено да оддаваат држави тајни на други земји.

СДСМ не е виновен што МВР под раководство на Гордана Јанкулоска дозволило шефот на кабинет на Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, непречено, во период од две години да издава државни тајни на Република Македонија.

СДСМ не е виновен за ова што ѝ се случува на министерката Јанкулоска. За нејзините постапки е виновна и одговорна единствено таа и нејзиниот ментор Никола Груевски. Во нормална држава, за вакви скандали паѓа не само министер, туку и цела влада. За жал, во изминативе седум години, Никола Груевски од Македонија создаде сѐ, само не нормална држава.“ се вели во партиското соопштение на социјалдемократите.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!