Мицкоски: Во понеделник ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до Уставен суд за пасошите

Од:

Последните информации кои што ги добивам, а еве го повикувам и МВР и надлежните да се произнесат и дека се издадени милион и 200 илјади патни исправи до овој момент. И остануваат некаде околу милион и 300 илјади бидејќи вкупно се издадени 2.5 милиони патни исправи кои што треба да се заменат. Од тие милион и 300 илјади кои што се преостанати само за сликање ако се земе во предвид дека дневно има 4.000 барања се потребни од прилика најмалку година дена. Така што е невозможно тоа да се стигне во февруари, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани.

Мицкоски додаде дека дури и информациите велат дека има околу 30.000 обрасци во моментот во МВР за издавање на патни исправи, десет илјади двојазични на албански јазик. Што значи дека тоа е само доволно да се покрие она кое што досега како барање е пристигнато во МВР.

„Нова набавка знаете дека нема, таа ќе стигне некаде во март месец. Така што стојам на тоа што го кажав пред некој ден дека се потребни години за да биде завршен овој процес. Никако тоа не може да се заврши до февруари оваа година односно за неколку недели од денес“, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во понеделник ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе претставката пред Уставниот суд.

„Во понеделник ќе поднесеме претставка пред Уставниот суд за ставање вон сила на законот и на тој начин да ја растеретиме. Доколку Уставниот суд сака да ја реши работата може веднаш да свика седница и да разговара по претставката која што ќе ја поднесеме и да ја стави вон сила законската уредба. Но, тоа е сепак одлука на Уставниот суд, не би сакал да се мешам во работата на Уставниот суд, ако сака да помогне на граѓаните има начин како може да се помогне“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Инфлацијата беснее, животот е сè поскап, а Мицкоски продава шарени економски лаги

Мицкоски: Можно е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во прв круг да ги поддржат и кандидатите на ВРЕДИ во некои општини

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Мицкоски: За брзата пруга од Коридорот 10 има интерес од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Ќе се знае кој каде е вработен, но и колкава плата добива

Мицкоски: Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Горан Наумовски