Работниците од прилепскиот Мермерен комбинат продолжуваат со работа

Од:

Рударите од Сивец продолжуваат со работните обврски и покрај неодамнешниот штрајк поради намалување на августовската плата за околу 20 % и отказните решенија за петтемина работници. Се чека враќањето на газдата Илија Ригопулос од годишен одмор со цел отпочнување на преговорите за решавање на проблемите во компанијата.

Со преземањето на Мермерниот комбинат од страна на грчката корпорација, од 700 вработени моментално работат околу 360 работници во рудникот „Сивец”“и нивниот број постојано се намалува. Според синдикалците, грчките газди намалувањето на платите го објаснувале со фактот дека не се исполнети нормите од страна на рударите.

На 1 јули потпишан е колективниот договор, за кој првиот човек на Синдикатот, Симе Ѕвездакоски, истакнува дека објаснувањето за неисполнетите норми е апсурдно, бидејќи во договорот воопшто не се споменуваат норми.

Ова е втор штрајк на вработените во Мермерниот комбинат сле минатогодишниот, кога синдикалната организација и гранковиот синдикат го добија спорот со менаџментот на компанијата.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните