(ВИДЕО) Полицаец во САД застрела невооружено момче

Од:

Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаец кој застрелал 11-годишно момче во Мисисипи. На видеото се гледа како Грег Каперс, полицаец од Индијанола, пристигнува во домот на 11-годишната Адериен Мари рано едно утро минатиот мај, откако момчето повикало полиција бидејќи неговиот татко и се заканувал на мајка му.

Прикажан е и моментот кога Каперси го застрела невооруженото момче во градите, во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете. Момчето преживеало, но се здобило со сериозни повреди и морало да оди на скапа терапија, пишува Ројтерс.

Во декември полицаецот беше ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.

Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, градот Индијанола и началникот на полицијата. Тие бараат отштета од пет милиони долари за „непромисленото непочитување“ на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“