(ВИДЕО) Ивановски: Во март навршуваат 10 години како се гради автопатот Кичево – Охрид, никогаш не се градело побавно, никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме

Од:

Никогаш не било полошо и во областа на инфраструктурата во Македонија. Никогаш помалку не се градело, а тоа што се гради никогаш не било понеквалитетно.
Никогаш и не се градело побавно. Следниов март навршуваат 10 години од почетокот на изградбата на автопатот од Кичево кон Охрид. Македонија со оваа власт на СДС и ДУИ, со 10 годишната агонија во неградењето на овој автопат освен што придонесуваат за стагнација на туризмот и економијата овој автопат стана мета на подбив во целиот регион. Никогаш не се градело вака не-плански. Никогаш на ниедна претходна влада не и биле потребни 7 години за да изгради 2 километри автопат. А, оваа влада за 7 години не успеа ни тие 2 километри автопат да ги изгради од Скопје кон Блаце, изјави Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

-Всушност оваа Влада во цели два мандата не изгради ниеден километар автопат. Никогаш не било полошо затоа што до сега не се случило од страна на ниедна претходна влада една година да држи затворен автопат иако на истиот е завршена градбата. Говорам за автопатот Демир Капија кон Смоквица. Не помниме влада со волку голем број на анекси на договори за зголемување на вредноста на капиталните проекти како и анекси за пролонгирање на роковите за изградба, кои да е комично, самите си ги задаваат роковите кои ги пробиваат, самите ги пробиваат.

Никогаш не било полошо затоа што и странските фирми изведувачи на капиталните инфраструктурни проекти ги напуштаат проектите поради низа притисоци и сомнителни влијанија, а проектите се уште ни зјаат недовршени. Овде пред се мислам на железничката пруга кон Бугарија и на експресниот пат од Градско до Прилеп.
Безбедноста во сообраќајот никогаш не била полоша. Заштитата на учесниците во сообраќајот се уште се врши со застарени, а и скоро напуштени методи. А, да не ги спомнувам жртвите од небезбедните железнички премини. Исто така никогаш не било полошо и за Македонски Железници.

Повеќе немаме меѓународни линии. Укинат е возот од Солун кон Скопје, а и кон Белград. Се укинаа 2 линии Скопје-Кочани, се укинаа две линии 2 линии Скопје-Кичево, 3 линии Скопје-Битола, а и плус се укина деловниот воз „Пелагонија“ кон Битола. Вкупно 8 линии во домашниот железнички сообраќај вклучувајќи го деловниот воз „Пелагонија“ се укинати.

Се откажуваат возови поради немање на дизел гориво за локомотивите. Пред некој месец Македонски Железници остана и без струја. Скоро 90% од железничкиот возен парк е надвор од употреба, а верувале или не само поради ненавремено сервисирање. Се на се ова се срамни податоци во областа на инфраструктурата. Никаква реализација нема државата на капиталните проекти. Затоа важно е да ги поразиме. Да ги поразиме затоа што заслужуваат да бидат поразени. Да ги поразиме затоа што не ја оправдаа довербата на граѓаните и не постои категорија на граѓани која што не е разочарана. Затоа што личниот интерес го ставија пред државниот интерес, и затоа ќе бидат поразени. Во Македонија со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Да ги поразиме затоа што Македонија заслужува подобро. Затоа што заслужува да ја предводат луѓе кои ја сакаат својата татковина – рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој

(ВИДЕО) Ангелова: Фатмир Дехари од Кичево е срам за сите жени во Македонија, злоупотреба, понижување и срамен молк од ДУИ

Горан Наумовски