СДСМ: Успешни енергетски политики – поевтина струја за пет отсто и вратена евтина тарифа

Од:

Успешните енергетски политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија. Оваа година започна со намалување на сметките за струја и тоа за 5% во првиот блок, додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти. Во време на светска и економска криза СДСМ ја врати евтината тарифа на струјата од 13 до 15 часот. Домаќинствата сега имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во неделите, се вели во соопштението од СДСМ.

– Со ова намалување едно просечно семејство сега има заштеда на сметките за струја од 1.000 денари месечно. Обезбедени се средства за продолжување на мерката за субвенционирање на цената на струјата за граѓаните и малите потрошувачи. За над 600 илјади домаќинства во државата Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата и тоа до 90%. Субвенционирана струја имаат и 68.000 мали потрошувачи во кои се вработени 98% од работниците во приватниот сектор.Со СДСМ граѓаните добиваат повеќе – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он