На Попова Шапка утрово -13 степени

Од:

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -13 степени, во Маврови Анови се измерени минус осум, Крушево минус седум, во Крива Паланка и Берово минус шест, а во Скопје минус два степани. Минусни температури има и во Прилеп, Тетово, Битола, Куманово, Виница, Охрид, Штип, Кавадарци и Велес. Над нулата е само во Гевгелија со еден степен, соопшти УХМР.

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Изутринава е облачно и студено, наместа дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Попова Шапка со најмногу снег и најниски температури во земјава

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Попова Шапка утре официјално ја отвора скијачката сезона

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка