Конечно охрабрувачки вести за состојбата на Михаел Шумахер, тој може да седне на маса

Од:

Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер може да седне на маса, изјави поранешниот Ф1 возач Џони Херберт.

Состојбата на Шумахер, кој беше ставен во индуцирана кома и беше подложен на неколку операции по падот на скијање, оттогаш е обвиткана со мистерија, а само кратки информации доаѓаат од неговиот близок круг.

Сепак, првата позитивна вест сега пристигна откако Британецот Херберт во интервју за BettingSites.co.uk откри дека наводно може да седи.

„Вестите ги слушам само од втора рака. Слушнав, од луѓе во Ф1, дека тој навистина седи на маса за време на вечерата, но не можам да гарантирам. Можам да читам само меѓу редови“, рече Херберт, додавајќи:

„Не сме слушнале многу од семејството и тоа е разбирливо. Отсекогаш бил дел од начинот на Михаел и семејството да чуваат сè многу приватно, многу тајно“, рече тој.

Германецот е згрижен од тим медицински персонал и од неговата сопруга Корина во нивниот дом на Женевското езеро, но никогаш не се објавени официјални информации за неговата состојба.

Како и да е, ова е првпат да се појават некои позитивни детали за состојбата на најголемиот возач во историјата на Формула 1, со надеж дека еден ден ќе се подобри.

Би можело да ве интересира

Михаел Шумахер направи две фатални грешки тој ден, се навестуваше трагедија

Предраг Петровиќ

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Британски неврохирург: Шумахер никогаш нема да закрепне

Наум Локоски