Најмалку шест полицајци загинаа, а 10 се ранети во експлозија на бомба поставена на пат во немирниот северозападен дел на Пакистан, соопштија денеска официјални лица.
Бомбата експлодирала покрај комбето во кое се наоѓала полиција со задача да ги заштити работниците кои ја спроведуваат кампањата за имунизација против полиомиелитис, пренесува АП.
Нападот се случил во поранешното упориште на пакистанските талибанци, Мамунд, во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, изјави полицискиот претставник Кашиф Зулфиквар.