СДСМ: Платите и пензиите ќе продолжат да растат во 2024 година

Од:

Со успешните економски политики на СДСМ, платите и пензиите ќе продолжат да растат и во 2024 година. Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии. Со СДСМ платите и пензиите растат постојано и во сите сектори. СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

– Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати и сега изнесува 20.175 денари. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ, СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100%. Од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари. Со новата методологија за усогласување на пензиите, два пати годишно, со растот на просечната плата и трошоците за живот, СДСМ обезбеди континуиран раст на пензиите, независно од чија било политичка волја. Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија. Платите и пензиите ќе продолжат да растат и оваа година. Со СДСМ има повеќе за сите – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда