Сопругата на британскиот музичар Џејмс Морисон, Гил Кeчпул (45) е пронајдена мртва во својот дом, јавуваат британските медиуми.
Мајката на две ќерки, кои ги добила со пејачот, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Витминстер, а пејачот е „скршен“ по оваа трагедија во неговото семејство.
Морисон се прослави во 2006 година, ја освои наградата Брит, а со сопругата е во врска од неговата 17-та година. Тие се запознале кога Гил се преселила во куќата на неговата мајка како потстанар.
Гил имала здравствени проблеми, а минатата година открила дека и била пресадена бубрег. Причината за смртта не беше објавена. Морисон се повлече од сцената пред неколку години бидејќи во период од три години ги загуби татко му Пол, кој се бореше со алкохолизам, постариот брат Алекс и помалиот брат Калум.
Џејмс и Гил имаат две ќерки Елси (15) и Ада (5).