Владата предлага: Целото раководство на М-НАВ и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени

Од:

На иницијатива на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 9.1.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки, соопшти владината прес-служба.

„Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес“, се вели во соопштението.

Воедно, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај“, известија од Владата.

Би можело да ве интересира

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски

Синдикалците да не шират паника, небото на смее да се „затвори“, предупредува М-НАВ по најавите за штрајк