Продолжен им е притворот на сите осомничени во случајот на киднапирањето и убиствата на Вања и на Панче

Од:

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување мерка притвор против 5 лица, донесе решенија со кои:

Предлогот за продолжување на мерката притвор се прифаќа и на : В.М., В.К., Б.В. за кои постои основано сомнение за две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.4 и чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 од КЗ, и две кривични дела Грабнување од чл. 141 ст.1 и чл. 141 ст.2 вв ст. 1 од КЗ, како и А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, сите поврзани со убиството на малолетната девојка од Скопје – В.Ѓ и велешанецот П.Ж., им се продолжува притворот за 30 дена.

Воедно прифатен е предлогот и за продолжување на мерката притвор за нови 30 дена и за С.Д. осомничен за Помагање на сторител во извршување на кривичното дело од чл. 365 ст.5 вв со ст.1 од КЗ, а поврзан со бегството на прво осомничениот кој се наоѓа во екстрадиционен, краткотраен затвор во Р.Турција.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Таткото на Вања низ солзи сведочеше, тврди дека не ги познава другите обвинети: Тие не чувствуваат ниту вина ниту покајание

Катерина Ѓуровски

Кешишев бил домар во „Десна“, правел се што му кажувал Палчо, за убиствата не кажал оти го „опоменале“

Катерина Ѓуровски

Таткото на убиената Вања, Александар, треба сведочи денеска

Катерина Ѓуровски

Кешишев дознал за таткото на Вања во притвор, Палевски најави над 90 прашања

Катерина Ѓуровски

Палевски ќе го испрашува Кешишев за кого бил „царот“

Катерина Ѓуровски