Босна и Херцеговина бара селектор-спонзор

Од:

Генералниот секретар на Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина Харун Махмутовиќ во изјава за агенцијата Анадолија ја потенцира тешката финансиска состојба во која се наоѓа сојузот, а на прашањето за продолжување на соработката со селекторот Петровиќ, иронично одговори дека размислува да распишат конкурс во кој ќе бараат новиот селектор да биде и спонзор.

– Веќе почнавме да позајмуваме пари од играчите, па од новиот селектор освен што ќе бараме да не одведе до медал, ќе побараме да ја спонзорира репрезентацијата со 100 или 200 илјади евра, рече Махмутовиќ.

Тој му изрази јавна благодарност на актуелниот селектор Александар Петровиќ.

– Човекот работи две години без плата. Има добиено награда пред една година поради пласманот на ЕП и тоа е се што успеавме да му платиме. Со кое лице да бараме од него да остане на селекторската позиција. Не само што ќе останеме без Петровиќ, туку и без стручни штабови во сите категории, потенцира Генералниот секретар на БиХ.

За тоа колку е тешка финансиската положба на репрезентацијата која немаше доволно среќа да ја помине групната фаза на Евробаскетот, говори податокот за заемот од репрезентативецот Џедовиќ во висина од 10 илјади конвертибилни марки, средства потребни на федерацијата да исполни дел од финансиските обврски за неодамнешниот настап на ЕП.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ