(ВИДЕО) Бислимовски: Злонамерно, ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош

Од:

Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош. Целото функционирање на општината е загрозено поради неразумните деструкции на ДПМНЕ и Левица по налог на Христијан Мицкоски. На последната седница на Советот на општина Карпош ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено финансирање, изјави Владимир Бислимовски, советник во Советот на Општина Карпош, изјави Владимир Бислимовски, советник во Советот на Општина Карпош.

– Со ова вработените градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените кои се грижат да водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата. Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и Левица па вака да ги казнуваат?

Затоа е и овој протест денеска на дел од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можат да си ги платат сметките, да не можат да одвијат за своите деца. Ова што го прават ДПМНЕ, Левица и Мицкоски не е политика. Ова е предизвикување пакост и штета на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски. Ова е злонамерно, брутално и нечовечно казнување на работниците кое мора да се прекине – рече Бислимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он