Египетските сили повторно го зазедоа градот Кердаса -силно упориште на Мохамед Морси

Од:

Египетските безбедносни сили денеска повторно го презедоа градот Кердаса кој важи за силно упориште на сменетиот исламски претседател Мохамед Морси и на неговото Муслиманско братство.

Воената операција почна утринава, нешто по 05,30 часот и на безбедносните сили им беа потребни неколку часови борба за да ја преземат контролата на градот.

Каирските медиуми тврдат дека исламистите биле забарикадирани во повеќе згради во градот и пружиле силен отпор. Во борбите безбедносните сили употребиле и хеликоптери.

Соопштено е дека најмалку 28 исламистички милитанти се убиени во неколкучасовната пресметка, како и еден полицаец. Минатиот месец, 11 египетски полицајци беа убиени во една полициска станица во Кердаса, во вооружен напад на милитантните групи исламисти. По нападот тие воспоставија контрола врз градот.

По потворното заземање на градот, безбедносните сили вршеле претрес во куќите за кои се знае дека им припаѓаат на припадници на Муслиманското братство. Нема информации дали се вршени дополнителни апсења.

Кердаса се наоѓа на само 14 километри, западно од Каиро. Градот е познат по производството и трговијата со текстил.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро