Момче е уапсено во Германија под сомнение дека ја задавил својата девојка (15). Тинејџерот наводно е син на Србин кој во април уби дете (7) пред училиште во Улм.
Како што се дознава, момчето ја нападнало девојката на новогодишната ноќ во шума во близина на Улм. Жртвата починала во болница на 1 јануари 2024 година. Осомничениот тинејџер, наводно, повикал полиција по злосторството и рекол дека ја убил својата девојка. Кога патролите пристигнале на местото на настанот, таа била пронајдена во несвест и итно пренесена во болница, каде што починала.
Осомниченото момче е син на Србин, кој ја уби својата седумгодишна поќерка на Велигден во 2023 година во Улм, што обвинителството ниту го потврди ниту го демантираше, пренесува Билд. Да потсетиме, полицијата веднаш по убиството на девојчето го пронашла Србинот и го уапсила, а во ноември бил прогласен за непресметлив и префрлен во психијатриска установа.
Како што пишува Билд, Србинот за време на судењето изјавил дека студирал религија и „во одреден момент и му станало јасно дека мора да жртвува едно од своите деца на Бога“. Момчето сега е во притвор под обвинение за убиство, а се уште е нејасно зошто го извршил делото.
Се уште не е јасен и мотивот за убиството.