64 лица загинаа во разорниот земјотрес во Јапонија

Од:

Најмалку 64 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавуваат јапонските медиуми.

Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во градот Ваџима, во префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското Море, но целосниот размер на оваа катастрофа е се уште непознато, пренесува новинската агенција Кјодо.

Поради дождот кој, како што е најавено во подрачјата погодени од земјотресот, ќе паѓа до четврток, јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погодил Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала кај Крф

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски