На лотарија освои 842 милиони долари

Од:

Жител на Мичиген, чие име не е објавено, освои 842,4 милиони долари на лотаријата „Пауербол“ на 1 јануари и стана првиот добитник што е извлечен во новата 2024 година.

Наградата порасна од 810 милиони долари на 842 милиони долари на крајот на минатата година, што е петта по големина премија на Powerball лотаријата и 10-та по големина во споредба со другите лотарии во САД, пренесува Асошиејтед прес.

Шансите за добивка на лотаријата Powerball се 1 спрема 292,2 милиони.

Добитникот на лотаријата ќе може да избере дали сака 842 милиони долари да бидат исплатени во следните 30 години или еднократна уплата од 425,2 милиони долари.

Двeтe сумi не го вклучуваат данокот што ќе треба да го плати победникот.

Втората награда од милион долари им припадна на четири билети – од Калифорнија, Конектикат, Флорида и Мериленд.

Два билети, во Тексас, Флорида, освоија по два милиони долари.

Пауерболот се игра во 45 американски држави, во областа Колумбија, Порторико и Девствените Острови.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија