Бројот на загинати во силниот земјотрес во Јапонија денеска се искачи на 57, јавува Кјодо.
Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.
Во земјотресот беа уништени куќи на полуостровот Ното, а во градот Ваџима избувнаа повеќе од 200 пожари. Целосната големина на штетата се уште не е позната, а шутот и блокираните патишта ги отежнуваат операциите за помош и спасување.