Лога ја поздравува одлуката на Управен суд за Дамева

Од:

Министерот за правда, Кренар Лога ја поздравува одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

„Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот кои во изминатиов период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет со што се докажува дека на оваа институција и се неопходни реформи. Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото“, изјави Лога.

Би можело да ве интересира

Дамева: Наскоро ќе се дознае се за случајот со бегството на Блерим Рамадани

Дамева: Граѓаните заслужуваат да имаат правда

Ќе се сретнат Мицкоски и претседателката на Судски совет Дамева

Катерина Ѓуровски

Дамева: Не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност

Кавга во Судски совет: Георгиева вели дека ќе и го поништат изборот за член, а судијата кој го барал тоа бил пензионер и Бугарин

Александар Тодески

Гир: Со претходникот на Дамева не се сретнав поради начинот на неговиот избор и на најзината смена