Релативно топло за новогодишните празници, по котлините магла

Од:

Во понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. Од утре ќе има зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска.

Како што информира УХМР, од понеделник преку денот повремено ќе дува слаб до повремено умерен, претежно југозападен ветер.

Времето утре ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1 степен, а максималната од 7 до 16 степени.

Вo Скопје променливо облачно, од наутро магливо и тивко.

На 1 јануари 2024 година времето ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми.

Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, а максималната температура од 9 до 16 степени.

Би можело да ве интересира

Жешкото време продолжува, промена на временските услови од среда

Горан Наумовски

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Денеска сончево и топло до 38 степени

Нов топлотен бран ја погоди Европа

Денеска до 39 Целзиусови степени