Бомбите откриени во метрото во Каиро се покажа дека се лажни експлозивни направи, изјави вработен до министерството за внатрешни работи на Египет.
Претходно египетските власти го запреа движењето на голем број од линиите во метрото во Каиро, откако на шините во близина на една од станиците беа пронајдени две бомби.
– Истрагата покажа дека станува збор за вреќи цемент, од кои излегувале електични кабли, чија цел била да изгледаат како вистински бомби. Не содржеа никаква експлозивна супстанца, објасни претставник на Министерството за внатрешни работи.
Метрото во Каиро секој ден го користат околу три милиони патници.