Израелските безбедносни сили убија Палестинец кој претходно со нож нападна двајца припадници на безбедносните сили на контролен пункт во близина на населбата Хар Хома во јужниот дел на Ерусалим.
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека напаѓачот се приближил до контролниот пункт и „откако го запрел возилото во близина на увидната станица, излегол и избодел двајца дежурни лица од обезбедувањето“, при што им нанел полесни повреди, пренесува Ројтерс.
Итната помош соопшти дека 20-годишна жена и 25-годишен маж кои го обезбедувале пунктот Мазмури се во стабилна состојба.