Почина писателот Александар Поповски

Од:

Александар Поповски, македонски писател, поет, романописец и автор за деца, почина денеска во 91. година од животот, информира Друштвото на писатели на Македонија.

Александар Поповски е роден 1932 година во Приштина. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци и во Скопје. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје и светска книжевност на Универзитетот во Љубљана. Работел како новинар во Радио Скопје, „Трудбеник“ и „Вечер“, како и во „Детска радост“, како главен и одговорен уредник на „Развигор“. Потоа беше главен и одговорен уредник на издавачката дејност „Александар и Александар“ во Скопје.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 година. Автор е на дваесетина дела за деца и возрасни, како и на три антологии. Добитник е на две награди на РТВ Скопје и на признанието „Младо поколение“. Во 2016 година беше награден со книжевната награда за деца и млади Ванчо Николески.

Би можело да ве интересира

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски