Сончево со температури до 17 степени

Од:

Претпладне по котлините и особено долж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност.

Би можело да ве интересира

Претежно сончево и топло време

Катерина Ѓуровски

Дожд и ветер денеска и утре, од вторник стабилно и топло

Период со облачно време и дожд

Сончево со температури до 34 степени

Сончево и топло за време на продолжениот викенд

Сончево и топло со температури до 36 степени

А1он