ВИДЕО: Студентите ги блокираат големите булевари во Белград

Од:

Студентите од Белград, со поддршка на нивни колеги кои допатуваа од Нови Сад нешто пред пладне одбројуваа до истекот на рокот што го дадоа на Министерството за државна управа и локална самоуправа за да одговори на нивните барања, меѓу кои и увид во Избирачкиот список.

Почнувајќи од 11 часот, властите имаа рок еден час да одговорат на барањето.

– Барањето го поднесовме како совесни граѓани, а не како политички опции, здруженија или нешто слично, велат студентите кои бараат увид во избирачкиот список и имаат други барања поврзани со изборни нерегуларности.

Студентите во моментов блокираат неколку поголеми улици во главниот српски град.

Претходно, група од 345 наставници и соработници на Универзитетот во Белград испратија поддршка за студентските протести.

„Кој краде избори, ја краде иднината. Фалсификување избирачки списоци, пријавување нелегални живеалишта и изборен инженеринг се скандалозен обид на властите уште еднаш да ни ја одземат државата, но овој пат многу повеќе – нашиот здрав разум и последните остатоци од самопочитување“, се наведува во соопштението упатено до медиумите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вонземјани стигнаа во Тутин-предизборен спот за изборите во Србија

Листата „Србија не смее да запре“ со убедлива разлика на сите избирачки места каде што се одржаа повторени избори

Велтвохе: Кога победува Вучиќ, медиумите пишуваат за „украдени избори“, а кога Бајден ќе победи – се е чисто

Започнува изборниот молк, во сабота ќе се прегласува на 34 избирачки места во Србија

Додик: Не очекувавме напади од Белград врз Србите од РС, тоа е болно за нас

Предраг Петровиќ

ЕУ: Изборниот процес во Србија треба да се подобри и реформира