Студентите во Белград го блокираа Министерството за државна администрација и локална самоуправа. Ним им се придружија и студенти од Нови Сад, јавија белградските медиуми.
Како што најавија претходно студентите, доколку не добијат потврден одговор од Министерството за државна управа и локална самоуправа на нивното барање за отворање и ревидирање на избирачкиот список, од таму ќе продолжат да блокираат две места во Белград.
Studenti su ❤️ Beograda.
Lažni birački spiskovi stoje iza svake pobede SNS u protekloj deceniji, to je sada svima jasno.
Bravo i @djordjemiketic za pokretanje priče koja ih je žacnula, pravo u metu 🎯 pic.twitter.com/IBPzWKh1RB— Zajedno Beograd (@zajednobeograd) December 25, 2023
Студентите од почетокот на минатата недела секоја вечер од 18 часот учествуваа на протести пред зградата на Републичката изборна комисија. Тие ја поддржаа коалицијата „Србија против насилството“, која повика на тие протести за да се исполни нивното барање за поништување на изборите поради нерегуларности.
Студентите бараат и поконкретни чекори од опозицијата, кои самите ги најавија на еден од протестите.